CMMS - Управување со индустриското одржување
CMMS системот на Отмел е модуларно софтверско решение за дигитализација и управување со техничкото одржување во производствени компании.
Дознајте повеќе за CMMSРазвиени за реални производствени потреби
Отмел развива софтверски и хардверско-софтверски решенија за индустриски компании, со фокус на техничкото одржување, производствената ефикасност и следењето на работните услови.

CMMS системот на Отмел е модуларно софтверско решение за дигитализација и управување со техничкото одржување во производствени компании.
Дознајте повеќе за CMMSХардверско-софтверско решение на Отмел за мониторинг на температурата и релативната влажност во простории и индустриски средини.
Прашајте за мониторинготСистемот ги поврзува опремата, сервисните тимови и работните активности во единствена платформа, овозможувајќи организирано управување со интервенциите и систематска евиденција на одржувањето.
Организирано пријавување, распределување и следење на сервисните активности.
Android апликација за известување и координација на сервисните тимови.
Поддршка за планирање и следење на превентивните активности.
Евиденција и следливост на деловите што се користат при одржувањето.
Управување со мерни инструменти, калибрациски активности и документација.
Следење и анализа на производните показатели, со можност за автоматско прибирање податоци од производните линии.
Модуларниот пристап овозможува приспособување и проширување на функционалностите според потребите на конкретната производствена средина.
Нашите решенија произлегуваат од практично индустриско искуство и се развиваат во непосредна соработка со корисниците, со можност за приспособување на специфичните потреби и работни процеси.
Нашите решенија се развиваат и унапредуваат во реални производствени средини, со искуство во фармацевтската и текстилната индустрија.
Различни компании имаат различни работни процеси. Затоа нудиме решенија со можност за приспособување и проширување според конкретните деловни и технички потреби.
Од дефинирање на барањата до реализација и понатамошен развој, соработката се одвива директно со тимот што го развива и одржува решението.
Покрај сопствените решенија, Отмел нуди развој и приспособување на софтвер за специфични индустриски процеси.
Нашиот пристап се темели на разбирање на потребите на корисникот и создавање практични решенија што ја поддржуваат неговата работа.
Барате решение за подобро управување со одржувањето или имате специфични технолошки барања? Контактирајте го тимот на Отмел за повеќе информации, презентација на нашите решенија или разговор за можностите за соработка.
Побарајте презентација Info@otmel.net