OTMEL

Софтверски и технолошки решенија за индустријата

Развиени за реални производствени потреби

Отмел развива софтверски и хардверско-софтверски решенија за индустриски компании, со фокус на техничкото одржување, производствената ефикасност и следењето на работните услови.

илустрација на производствена линија

Наши решенија

CMMS - Управување со индустриското одржување

Подобра координација. Организирано одржување. Поголема прегледност.

CMMS системот на Отмел е модуларно софтверско решение за дигитализација и управување со техничкото одржување во производствени компании.

Дознајте повеќе за CMMS

Мониторинг на температура и влажност

Следење на условите во работната средина

Хардверско-софтверско решение на Отмел за мониторинг на температурата и релативната влажност во простории и индустриски средини.

Прашајте за мониторингот

Клучни функционалности на CMMS

Системот ги поврзува опремата, сервисните тимови и работните активности во единствена платформа, овозможувајќи организирано управување со интервенциите и систематска евиденција на одржувањето.

Работни налози и сервисни интервенции

Организирано пријавување, распределување и следење на сервисните активности.

Мобилна поддршка

Android апликација за известување и координација на сервисните тимови.

Превентивно одржување

Поддршка за планирање и следење на превентивните активности.

Резервни делови

Евиденција и следливост на деловите што се користат при одржувањето.

Управување со калибрации

Управување со мерни инструменти, калибрациски активности и документација.

Производна ефикасност - OEE

Следење и анализа на производните показатели, со можност за автоматско прибирање податоци од производните линии.

Модуларниот пристап овозможува приспособување и проширување на функционалностите според потребите на конкретната производствена средина.

Зошто Отмел?

Нашите решенија произлегуваат од практично индустриско искуство и се развиваат во непосредна соработка со корисниците, со можност за приспособување на специфичните потреби и работни процеси.

Практично индустриско искуство

Нашите решенија се развиваат и унапредуваат во реални производствени средини, со искуство во фармацевтската и текстилната индустрија.

Прилагодливи решенија

Различни компании имаат различни работни процеси. Затоа нудиме решенија со можност за приспособување и проширување според конкретните деловни и технички потреби.

Директна соработка

Од дефинирање на барањата до реализација и понатамошен развој, соработката се одвива директно со тимот што го развива и одржува решението.

Развој на софтвер според вашите потреби

Технологија приспособена на начинот на кој работите

Покрај сопствените решенија, Отмел нуди развој и приспособување на софтвер за специфични индустриски процеси.

Нашиот пристап се темели на разбирање на потребите на корисникот и создавање практични решенија што ја поддржуваат неговата работа.

Да разговараме за вашите потреби

Барате решение за подобро управување со одржувањето или имате специфични технолошки барања? Контактирајте го тимот на Отмел за повеќе информации, презентација на нашите решенија или разговор за можностите за соработка.

Побарајте презентација